Бројот на одобренија за градба во октомври е зголемен за 40,3% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Во октомври се издадени 268 одобренија за градба, а предвидената вредност на објектите изнесувала 2.431.599 илјади денари што е за 58,1% повеќе во однос на истиот месец лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 или 77,6% се наменети за објекти од високоградба, 16 или 6% за објекти од нискоградба и 44 или 16,4% за објекти за реконструкција. Од вкупно 268-те објекти, кај 205 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај останатите деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46.067 квадрати.
Бројот на одобренија за градба во октомври е зголемен за 40,3% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Во октомври се издадени 268 одобренија за градба, а предвидената вредност на објектите изнесувала 2.431.599 илјади денари што е за 58,1% повеќе во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 или 77,6% се наменети за објекти од високоградба, 16 или 6% за објекти од нискоградба и 44 или 16,4% за објекти за реконструкција. Од вкупно 268-те објекти, кај 205 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај останатите деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46.067 квадрати.